Ковачевски: Има доволно време да се креира листа за ДДВ на луксузни производи која нема да ги афектира граѓаните
Министерството за финансии сака да направи листа за ДДВ на луксузни производи која на ниеден начин нема да задира во основните производи што ги користат граѓаните и за тоа има доволно време, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Министерството за финансии задно со Царинската управа, коморите и Управата за јавни приходи работи на дефинирање на листата за ДДВ за луксузни производи. Сметам дека лесно ќе дојдеме до листа која нема да ги афектира граѓаните во однос на финалната цена на производите. Штом ќе биде направена листата, ќе биде доставена до институциите кои треба да ја спроведат, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешната посета на компанијата „Метро“.
Порача дека изгласувањето на законите зависи од седниците што ги закажува Собранието и од расправата што се одвива во Комисијата за финансирање и буџет и на пленарна седница.
-Штом ќе имаме детални информации од координациите во Собранието во однос на закажаните седници ќе можеме да знаеме кога кој закон ќе биде поминат, прецизира Ковачевски.
Ново на Сител
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори