Костадинов: Мицкоски со едвај 13 членови на ВМРО-ДПМНЕ и 14 коли доживеа дебакл на протестот
Христијан Мицкоски вчера доживеа дебакл на своите протести, граѓаните потврдија, не сакаат блокади.
Вчерашните протести на Мицкоски беа со едвај 13 членови на ВМРО-ДПМНЕ и 14 коли, немаше никој друг. Граѓаните покажаа дека не се за блокади и саботажи, народот одамна не им верува на лагите од белиот дворец.
Фактот што овие издишани протести се случуваат во период кога во тек е дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес покажува дека очигледно Мицкоски чувствува страв од тоа дека државата може да направи исчекор кон ЕУ.
Мицкоски се плаши од можен успех на државата, од реализација на стратешките интереси.
Затоа шири лажни вести, измислува непостоечки сценарија, затоа блокира важни процеси во Собранието, затоа организира протести на кои неговите соработници треба да му го чуваат стравот.
Може Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да продолжат да кочат и блокираат, тоа нема да го смени фактот дека се на погрешната страна од интересите на граѓаните и државата.
Додека СДСМ, парламентарното мнозинство, Владата институциите се посветени на забрзана интеграција кон ЕУ, на реформи што го подобруваат животот за сите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени на деструкции, на лажни вести и манипулации.
Тоа е огромна, суштинска разлика што граѓаните ја гледаат и чувствуваат.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се таму каде што се,во длабока опозиција каде долго и ќе останат бидејќи постојано работат на штета на државата и граѓаните.
Граѓаните да бидат спокојни, ние не се помируваме со блокади, не се откажуваме ниту кога ситуацијата е тешка и неизвесна.
Продолжуваме да работиме за граѓаните и за државата, продолжуваме да работиме за подобра иднина за сите.
Прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати