Косовското обвинителство обвини четворица имами за тероризам и поттикнување омраза
Косовското Јавно обвинителство обвини петмина косовски Албанци, меѓу кои четворица имами, за вршење терористички активности и поттикнување омраза.
Обвинителството соопшти дека двајца од муслиманските лидери се обвинети за извршување терористички дела, а другите двајца за поттикнување национална, расна, религиозна и етничка омраза. Петмината се обвинети и поради повици за отпор против правните институции.
Во соопштението не се споменува за какви конкретни активности се покренати обвиненијата, но се нагласува дека за најсериозните дела се предвидени казни до осум години затвор.
Според властите во Приштина, ниту еден косовски граѓанин не се приклучил оваа година кон екстремистички групи во Сирија и Ирак, но се претпоставува дека таму војуваат околу 70 Косовци, кои заминале пред почетокот на годинава.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња