Косово поставува нови услови за продолжување на дијалогот со Србија, Белград ги отфрла
Српската Влада ќе ги разгледа денеска новите услови, кои ги постави Приштина за продолжување на дијалогот со Белград, пишуваат денеска српските весници.
- Доколку Приштина смета дека треба да разговара со ултиматуми и навистина не е подготвена да разговара на друг начин и ако она што се соопштува се услови за продолжување на дијалогот, тоа значи дека тие се откажуваат од дијалогот и оти нема да има дијалог, изјави директорот на српската владина Служба за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.
- Во секој случај ситуацијата е мошне сериозна и јавноста ќе биде информирана за натамошните чекори, додаде тој.
Косовскиот министер за дијалог со Белград, Едита Тахири претстави вчера пред парламентарна комисија документ, предаден во Брисел, кои ги содржи клучните точки или услови на Приштина за да ги продолжи разговорите со Белград.
Меѓу нив се утврдувањето на границата меѓу Косово и Србија, исплаќањето воени репарации, добивање гаранции од ЕУ дека Србија ќе го признае Косово, спречување на можноста Белград да го попречи приемот на Косово за членка на различни меѓународни организации, вклучувајќи ги и Обединетите нации, во спортски и културни организации и остранување на Косово од Уставот на Србија (во преамбулата на Уставот на Србија е запишано дека Косово е нераскинлив дел од Србија).
Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија воопшто не планира да разговара за новите услови на Приштина и оти бриселскиот дијалог или ќе биде неутрален во однос на статусот на Косово или воопшто нема да се одржува.
- Ако ова се условите, тогаш нема да има дијалог и тоа повеќе не е проблем на Србија. Дијалогот или ќе се води како неутрален во однос на статусот на Косово или нема да го има. Србија е целосно јасна. Во такви услови со сигурност нема да има дијалог, рече Дачиќ.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“