-->
-->
Косово ќе побара демаркација на границата со Србија во преговорите со Белград
-->
Косовскиот министер без ресор Едита Тахири, која е одговорна за дијалогот со Белград, изјави дека во идните преговори Приштина ќе побара демаркација на границата со Србија, пренесе БТА.
Косово ќе го стави на разгледување и расформирањето на паралелните српски структури во Косово, што ќе биде главниот услов за започнување на работата за документите за формирање на унија на српски општини, соопшти Тахири.
Таа рече дека косовската страна се уште не добила официјална покана за средба на високо ниво на премиерите на Косово и на Србија Иса Мустафа и Александар Вучиќ во рамки на дијалогот Белград-Приштина, што се води во Брисел со посредство на ЕУ.
Како можен датум за средбата се споменува 27 јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници