Косово доби сопствен телефонски код

Косово доби свој телефонски код +383, кој ќе биде ефективен од 15 декември, јави дописникот на МИА.
Сите други кодови, кои ги има Косово во моментов нема да бидат во употреба по овој датум.
Веста ја соопшти косовската министерка за дијалог Едита Тахири, додавајќи дека со Србија е постигнат договор околу ова прашање.
- Меѓународната унија за телекомуникации ќе го стави во употреба телефонскиот код +383 од 15 декември 2016 година. Нашата држава ќе има сопствен телефонски код, како и сите други држави и ќе има целосна сувереност за сопствениот телефонски код, додека сите други кодови кои се користеа до сега (381, 377, 386) ќе бидат отстранети од употреба, изјави Тахири.
Преговорите меѓу Косово и Србија за телекомуникациите траат околу шест години.
Во замена на суверен код, Косово се обврзано да даде привремена и ограничена дозвола за работа на телекомуникациската компанија МТС.
Според Владата на Косово, добивањето телефонски код е уште едно постигнување во создавањето на идентитет на државата на полето на телефонијата. Со овој договор се одредени и границите на фрекфенција меѓу Косово и Србија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
