Коронавирусот е катастрофален удар за светската економија

Пандемијата на коронавирусот е катастрофален удар за светската економија, а економските последици би можеле да траат и една деценија, изјави претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас.
Во интервју за радио Би-Би-Си, Малпас кажа дека поради економската криза предизвикана од пандемијата повеќе од 60 милиони луѓе можат да се соочат да живеат со помалку од една фунта дневно.
-Комбинацијата на самата пандемија и затворањето на економијата значи дека се погодени изворите на егзистенција на милијарди луѓе и ова е причина за загриженост, рече Малпас.
„И директните последици, во форма на загубени приходи, но и здравствените и социјалните последици, се навистина сериозни“, истакна тој.
Најмногу се погодени оние кои најмалку тоа можат да си дозволат, предупреди Малпас.
-Штетата на глобалната економија и тенденцијата синџирите за снабдување да се преместат на поблиски локации и да се кренат трговски бариери е предизвик, рече претседателот на Светската банка.
„Кога трговијата паѓа, тоа само по себе создава тензии и нееднаквост … Сигурен сум дека глобалната економија ќе биде поврзана внатре во себе, но можеби помалку отколку пред Ковид-19“, додаде тој.
Оваа катастрофа,сепак, може да се надмине, а луѓето се флексибилни и еластични, рече Малпас.
-Мислам дека е можно да се најде начин, но тоа е тешка задача за земјите и нивните влади, рече Малпас, истакнувајќи дека Светската банка може да ги охрабри овие напори.
„На долг рок јас сум оптимист дека човечката природа е силна и дека иновацијата е нешто реално. Светот се движи брзо и можноста за поврзување никогаш не била поголема, што всадува надеж за иднината“, рече тој.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
