Корона вирусот нема влијание врз македонскиот туризам

Македонскиот туризам нема да биде значително погоден од негативениот ефект што го предизвика корона вирусот. Во земјава годишно доаѓаат по околу 7000 – 10000 кинески туристи, најчесто како дел од регионалните тури. Тоа е релативно мала бројка за да предизвика какво било влијание врз секторот, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.
Според Јаневски, нашите тур-оператори и сместувачки капацитети засега сé уште не ги откажуваат турите во кои има и кинески туристи, иако тоа е веќе случај со некои од државите на Балканот и во Европа.
-Уделот на азиските туристи не е на високо ниво, а и во 2020 година не треба да очекуваме голем ефект. Точно е дека има одреден број откажани групи, но од страна на странските тур-оператори, а не од нашите, зашто во регионот па и во Европа се случува откажување на сместувачкуте капацитети кои не сакаат да ги примат гостите од Кина. Тоа кај нас сé уште се нема случено и се надевам дека нема да се случи, но мораме да почекаме, да видиме како ќе се одвива ситуацијата, истакна Јаневски на прес-конференција, одоговорајќи на новинарски прашања.
Тој уште еднаш укажа на проблемот со визите за кинеските туристи кој, додаде, мора да се надмине за овие гости да се задржуваат ден повеќе во земјава.
Последните статистики велат дека минатата година земјава ја посетиле 14.000 туристи од Кина и биле реализирани 20.000 ноќевања.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
