Координација на пратеничките групи пред гласањето за новата влада
Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва даде половина час пауза на седницата на која се води расправа за изборот на новата влада и ги повика координаторите на координација за завршниот дел од седницата, по кој треба да се гласа за владата.
-Давам пауза од половина час и ги повикувам координаторите на пратеничките групи на консултации за последната рунда од четири говорници, за да се затвори циклусот на говорници и завршни зборови на мандатарот. Со тоа по паузата да ја затвориме дискусија по односното прашање. Продолжуваме во 21:45 часот, рече Џафери.
Во денешниот дел од расправата, како и во текот на вчерашниот ден, опозициските пратеници посочија дека новата влада само ќе продолжи по неуспешните стапки на претходната, која ја следеа корупција, криминал и скандали. Таа нема легитимитет и потребни се нови избори. Пратениците од власта пак сметаат дека досегашната влада мошне добро се справила со досегашните предизвици, а од новата очекуваат уште повеќе работа во интерес на граѓаните и државата.
Собраниската расправа за избор на нова влада почна вчера. Расправата може да трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до вечерва на полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата