Конзервација, реставрација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа во Тетово
Во Тетово во тек се активностите за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, значаен споменик на културата од османлискиот период изграден во необарок стил, кој до 1993 година беше во функција на Медицински центар или Стара болница, соопшти Министерството за култура.
Имајќи го предвид значењето на објектот и согласно иницијативата за адаптација на куќата во современ музеј на Мехмет Паша Дерала, со поддршка на Министерството за култура, како што се наведува, се обезбедени средства за изработката на проект за конзервација, реставрација и конструктивно зајакнување на архитектурата.
Претходно, информираат од Министерството, се извршени конзерваторско реставраторски работи на тремот и терасата од јужната страна на објектот, а во моментов стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на конзерваторско-
Активностите на архитектурата на Алимбеговата куќа во Тетово, која со специфичната декорација на фасадите, разиграната форма и одличното функционално решение, како единствен претставник на аристократска куќа изградена по примерот на Европа, треба да бидат завршени до крајот на годинава, соопшти Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Мерко ослободен за набавката на аудито
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година