-->
-->
Конте: Дајте пари за нови играчи или си одам?!
-->
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, кој во деби сезоната ја врати титулата на „Стенфорд Бриџ“, поради сериозни несогласувања со раководството се заканил дека ќе го напушти клубот.
Како што пренесуваат англиските медиуми, италијанскиот стратег бил незадоволен од начинот на кој раководството се однесува во актуелниот преоден рок.
Конте на челниците им ја доставил листата на потенцијални засилувања, негови посебни желби се Ван Дајк, Бонучи, Лукаку, Наинголан, Мората, но како што поминува времето овие негови желби се сè подалеку од „Стенфорд Бриџ“.
Мората е пред портите на Манчестер Јунајтед, Ван Дајк, Бонучи и Наинголан, најверојатно, ќе останат во своите клубови, а за Лукаку челниците на Челзи не сакаат да издвојат голема сума пари, се шпекулира дека се работи за сума од 90 до 100 милиони евра.
Конте во фудбалскиот свет е познат како тренер кој се држи до своите принципи, тој поради несогласувањата со раководството на Јувентус пред три години го напушти овој тим
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг