Сообраќајот по влажни коловози, магла кај Страцин, Тетово и Стража
Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Магла со видливост од 50-100 метри има кај Страцин,Тетово и на планинскиот премин Стража.
Посебно внимание, како што истакнуваат од Авто мото сојузот на македонија, е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Забрана за тешки товарни возила и автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија