Kонститутивна седница на новиот состав на српското Собрание
Во српското Собрание денеска ќе се одржи конститутивната седница на новиот парламентарен состав, и ќе бидат потврдени мандатите за пратениците кои беа избрани на парламентарните избори на 3 април годинава, јави дописникот на МИА од Белград. Прва точка на дневниот ред е потврдување на мандатот на пратениците, а Собранието се смета за конституирано кога ќе бидат потврдени две третини од мандатите.
По дневниот ред следува избор на претседател на Народното собрание, избор на потпретседатели и именување на генерален секретар, по што следува избор на членови на работни тела и избор на членови на постојани парламентарни делегации во меѓународните институции. Како што беше договорено на консултациите на парламентарните партии, денеска во собранието ќе се верификуваат само мандатите и ќе се положи заклетва, додека продолжението на седницата и изборот на претседател е планирано за вторник.
Како што е најавено, за претседател на Собранието ќе биде кандидиран Владимир Орлиќ од Српската напредна странка (СНС), а во работата ќе му помагаат седум потпретседатели, од кои тројца ќе бидат избрани од редовите на опозицијата.
За потпретседатели ќе се кандидираат Божидар Делиќ и лидерот на опозициската Демократска странка (ДС), Зоран Лутовац, а останатите имиња засега не се познати. Новиот составот на собранието ќе го сочинуваат 120 пратеници од коалиционата листа на СНС „Александар Вучиќ заедно можеме се“, 38 од опозициската листа „Обединети за победа на Србија“ предводена од Мариника Тепиќ, а трета по сила е коалицијата на социјалистите на Ивица Дачиќ СПС-ЈС со 31 пратеник.
Опозициските коалиции- НАДА има 15 пратенички места, листата Мораме има 13, а Двери и Заветница имаат по 10 места. Кај малцинствата, Сојузот на Унгарците од Војводина доби пет мандати, листата Аманетот на Муфтијата доби три, Војвоѓанци и СДА Санџак по две и на Албанците по едно место.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден