Конкурс за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“
Откако во петокот и официјално беа пуштени во употреба блоковите В и Г од студентскиот дом „Гоце Делчев“, Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за сместување студенти во овие два блока. Електронско пријавување почна вчера и ќе трае до 24 февруари.
Според конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни во В и Г се 408 легла. Во конкурсот се наведени условите за аплицирање, потребните документи и рокот за нивно доставување во МОН. Конечниот список за прием на студентите треба да биде објавен на 14 март 2020.
Со реновирањето на блоковите В и Г, целосно обновен и воедно енергетски ефикасен е најголемиот студентски дом во државата.
Како што соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми, во двата блока се инвестирани 2,7 милиони евра: 2,3 милиони евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии.
Покрај реновираните соби за сместување на студентите, помошните заеднички простории на еден од катовите се пренаменети во простории за спортски и рекреативни активности со вградена вентилација.
Премиерот Оливер Спасовски по посетата на блоковите во петокот изјави дека тие се реновирани по современи стандарди и со целосно новата опрема им овозможуваат идеални услови на студентите.
-Со ова завршува комплетното реновирање на „Гоце Делчев“ каде што ќе може да бидат сместени околу 1200 студенти или 30 проценти од капацитетот што го има Студентскиот центар. Тука не застануваме, треба да се заврши до крај проектот за партерно уредување на овој дом, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг