Конкурс за мали локални зелени бизнис идеи

Мали локални бизнис идеи може да добијат десет илјади евра за реализација на своите зелени идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, користат ресурси од локалната заедница и кои поттикнуваат идеи за развој на животната средина во Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово.
Конкурсот „Филантропија преку зелени идеи“ е објавен и има можност за аплицирање уште една недела кој го распишува Здружението за социјални иновации „АРНО“.
Конкурсот се одржува од 2012 година и секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар со најразлични зелени бизнис идеи.
Координаторот на проектот Ирина Јаневска очекува голем број квалитетни зелени идеи кои понатаму ќе прераснат во локални бизниси. - Интересно е што на конкурсот пристигнуваат најразлични идеи од оние честите за мед, органско производство, еко-фарми и слично, но ние ги охрабруваме апликантите да размислуваат пошироко. Важно е идејата да има општествено корисна компонента и бизнис логика. Идеите се оценуваат и во однос на тоа колку ја подобруваат околината, природата, односно не и штетат, вели Јаневска.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
