Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и неговиот заменик Бојан Бојковски во придружба на пратеникот Пеце Милевски ја посетија локацијата каде попладнево падна кран од градежен објект во поранешната касарна.
Според градоначалникот Коњановски најважно е што според официјалните податоци нема повредено лице од падот на кранот во објектот што е во изградба.
- При изградба на голем трговски објект Мол во кругот на поранешната касарна АРМ, се случила техничка несреќа, уривање на кран кој паднал при носење на товар, односно изведување на градежни работи. Според првичните информации од увидот на лице место, за среќа според официјалните податоци што ги добивме од ЈЗУ Клиничка болница и ЈЗУ Здравствен дом-Битола, како и Службата за итна медицинска помош, не се пријавени повредени лица, нити се донесени за лекарска помош. На лице место се сите надлежни инспекторати, тука е и овластениот општински градежен инспектор, градежната инспекција, трудовата инспекција, но и претставници на Јавното Обвинителство и Крим техника, односно сите надлежни институции што треба да ги утврдат причините за падот на кранот, изјави Коњановски.
Градоначалникот Тони Коњановски во изјава за МИА нагласи дека веднаш по добивањето на информацијата, стигнал лично да се информира за настаниот проблем.
- Излегов на терен за лично да се уверам во информациите за кои претходно бев известен затоа што битолската касарна е големо и значајно градилиште во овој дел на градот.
Како што претходно објави МИА, падот на кранот се случил околу 14:30 часот, а за настанот известување до СВР Битола испратиле граѓани кои го забележале настаниот проблем.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки