Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Скопје

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото.
Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и на Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, претседател на Комитетот за меѓународни судски односи во САД и член на Советодавниот одбор на CEELI Институтот, Барингтон Паркер, виш окружен судија од САД и Роберт Р. Странг, извршен директор на Институтот CEELI.
На свеченото отворање, како што наведува организаторот, ќе се обратат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, Африм Фидани, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, како и Дејвид Кемпбел, Роберт Странг и Гжегож Борковски од Проектот на ЕУ за поддршка на владеењето на правото.
Во рамки на конференцијата предвидени се пет сесии. Првата ќе биде посветена на довербата на јавноста во судството, на втората сесија ќе се разговара за независноста на судството, а на третата за примената на правото од европските судови во домашниот правен поредок (Суд на правдата на Европската Унија и Европски суд за човекови права). Четвртата сесија е посветена на сегашните и идните примени на вештачката интелигенција во судските постапки и судската администрација, а петтата на комуницирањето на судовите со јавноста за прашања од јавен интерес.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
