Конечно зад решетки „балканскиот Eксобар“ Клемент Балили
По двегодишно бегство денеска во Полицискиот комесаријат во Тирана се предаде Клемент Балили, инаку познат како „балкански ескобар” и „барон на дрогата”.
Тој се предал во придружба на неговиот адвокат, во време кога Обинителството за тешки кривични дела до судот достави досие од истрагата за најмалку четири кривичн дела, едно од нив „меѓународна трговија со дрога“.
Без оглед на тоа дека сам се предал,полицијата тврди дека 46-годишниот Балили не можел повеќе да го избегне притисокот на полицијата која се повеќе му се приближувала, посебно последните два месеца во градот Деливна,каде се криел.
-Албанската полиција ја финализираше акцијата,оценета како повеќе од значајна, за апсење на Клемент Балили, по една оперативно-прислушуван процес,во соработка со тајните служби и нашите партнери. Од денска албанското правосудство го зема во раце еден од најбараните личности во Албанија,со што граѓаните и нашите партнери,не добиваат само значајна вест,туку многу јасен сигнал за Албанја што ја сакаме,-изјави албанскиот прв полицаец Сандер Леши.
Обвинителството соопшти дека ќе бара притвор за Балили.
Ново на Сител
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица