Концерт на „Херувими“ за 110-годишнината од обновата на храмот „Св. Никола“ во Крушево
Во храмот „Св. Никола“ во Крушево вечер концерт ќе одржи камерниот хор „Херувими“. Концертот се одржува по повод 110-годишнината од возобновувањето на овој храм.
Промотор на концертот ќе биде Кочо Топузовски, а на програмата ќе бидат изведени црковни творби од византиската традиција од: Јоан Хармосин – Охридски, Јаков Протопсалт, Андон Шахпаски, Манасиј поп Тодоров и Јане Коџабашија. Концертот се одржува во организација на Арт – Кул Крушево, Центарот за византолошки студии и Универзитетот „Евро Балкан“ – Скопје, а со поддршка на Министерството за култура и Новиот културен бран.
Камерниот хор „Херувими“ е ансамбл кој негува и изведува црковни творби од византиската традиција од македонски автори. Настапувал на повеќе домашни и меѓународни манифестации.
„Херувими“ настапува во состав од професионални музичари Мирјана Павловска-Шулајковска, Катерина Ќетковиќ-Фидановска, Лиле Анастасова, Ружица Коџабашија, Златица Жантевска-Пејиќ, Весна Малјановска, Станислава Поцевска и Јане Коџабашија.
Храмот „Свети Никола“ во 1907 година е обновен врз темелите на претходниот храм посветен на истиот светец, заштитникот на Крушево, кој до темел е разурнат од отоманската војска, ноќта на 12 спроти 13 август 1903 година при падот на Крушевската Република.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија