-->
-->
Концерт на Дарко Багески во Софија
-->

Гитаристот Дарко Багески, солист и професор на Факултетот за музичка уметност - Скопје ја продолжува концертната сезона со настап во Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија.
Багески годинава имаше значајни настапи во Бугарија - учество на 19. Интернационален Фестивал и нетпревар за класична гитара „Академик Марин Големинов” во Ќустендил, како и заеднички солистички настап со бугарската гитаристка Стела Динкова и камерниот оркестар на операта од Благоевград, изведувајќи го популарното дело на Вивалди „Четири годишни времиња“. Со ова дело, Дарко Багески се претстави и во Благоевград.
Меѓународната концертна сезона Багески ја продолжи со солистички концерти на интернационални фестивали во Италија, Тајван, Црна Гора, Бугарија... Минатата година имаше серија успешни концерти во Софија, Пловдив, Варна и Ќустендил и има свои почитувачи и редовна публика во Бугарија.
Вечерашниот концерт е дел од јубилејната програма по повод 10 годишнината од основањето на Македонскиот културен центар во Софија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
