Кон: Граѓаните на Србија се сериозно непослушни, влошувањето на состојбата е евидентно
Членот на кризниот штаб на Владата на Србија, Предраг Кон, изјави дека влошувањето на епидемиолошката состојба е „евидентно“, затоа што граѓаните на Србија се „сериозно непослушни“.
– Опуштањето зема замав. Некои (анти-епидемиолошки) мерки се доживуваат како непријатност, како да е срамота да се потсети некого да носи маска, изјави тој за РТС, додавајќи дека секогаш треба да се предупредува дека маски мора да се носат.
Според него, мерките што важат во Србија се добри, но, како што нагласи, проблемот е што тие не се почитуваат.
Во врска со таканаречениот „карантин туризам“, Кон рече дека за тоа не се разговарало во Кризниот штаб и оти треба да се засили контролата на мерките на аеродромот.
– Добив протокол во кој патниците кои доаѓаат од земји во кои е интензивна делта мутацијата, мора да имаат негативен ПЦР-тест и да потпишат изјава за прифаќање на седумдневен карантин, по што тие мора да бидат тестирани и, доколку се позитивни на корона, одат во изолација, објасни српскиот епидемиолог.
На прашањето дали одржувањето на музичкиот фестивал „Егзит“ ќе влијае врз зголемувањето на бројот на заразени лица, Кон рече дека постои ризик.
– Притисокот да се отвори фестивалот беше голем, но постои ризик. Невозможно е да не бидете заразени кога се одржуваат големи фестивали, нагласи тој.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
