-->
-->
Комплетна реконструкција и нова опрема во болницата „Св. Наум Охридски“ Скопје
-->
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска информира дека се заокружува целата инвестиција комплетна реконструкција и за опрема во старата градска болница „Свети Наум Охридски“ Скопје.
- Ќе инвестираме околу 140 милиони денари или околу 2,3 милиони евра во комплетна реконструкција на внатрешноста на установата и за набавка на нова медицинска опрема за хируршките сали и за Центарот за изгореници, изјави Тодоров.
Старата градска болница „Свети Наум Охридски“ Скопје опслужува над 220 илјади пациенти годишно и таму се вршат околу 4 илјади операции годишно. Болницата внатрешно не била реновирана повеќе од 80 години, а во 2002 година е поставена нова фасада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје