Компаниите од северозападна Македонија се „за“ референдумот и очекуваат позитивен исход

Ситуацијата со референдумот е црно - бела. Нема нијанси. Одлуката е за подобар економски стандард и подобра бизнис клима или за стагнација, им порача денеска вицепремиерот Бујар Османи на стопанствениците од северозападна Македонија.
Како што изјави по состанокот, одлуката на 30 септември ќе биде драматично позитивна или драматично негативна за бизнисот.
- Одлуката што ќе ја донесеме ќе биде драматично позитивна ако референдумот е успешен зашто членството во НАТО значи политичка стабилност и предвидливост, а членството во ЕУ пазар од 500 милиони со најголем дел од БДП во светот. Драматично негативна, пак, ќе биде ако, хипотетички, референдумот на успее зашто ќе следува непредвидлвост, повлекување на странските инвестиции, немање храброст за домашни вложувања што ќе се рефлектира врз економскиот развој и џебот на граѓаните, истакна Османи.
Компаниите јасно го искажаа својот став, дека се „за“ референдумот и дека очекуваат позитивен исход, но по гласењето, како што рекоа, очекуваат Владата да ја интензивира соработката со коморите за подобрување на бизнис амбиентот.
- Секоја стабилност и сигурност на државата значи перспектива за бизнисот. Членството во ЕУ и НАТО од овој аспект е многу битно. Ние сме „за“ референдумот зашто придобивките ќе бидат големи не само за нас, туку и за сите земји од регионот, рече претседателот на Стопанската комора на северозапдна Македонија Неби Хоџа по средбата со Османи.
На состанокот присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
