Комитетот ќе ги решава проблемите во земјоделството и ќе ги потенцира европските перспективи
Земјоделците и агробизнисмените добиваат уште едно силно владино работно тело во функција на нивното работење и решавање на проблемите, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во врска со одлуката на Владата да формира комитет за земјоделство и безбедност на храна.
Според МЗШВ, комитетот ќе работи и во насока на потенцирање на европските перспективи на македонскиот аграр.
Одлуката за негово формирање е донесена на вчерашната владина седница по предлог на Кабинетот на премиерот Зоран Заев.
- Идејата за формирање на комитетот е поради важноста на земјоделското производство како стратешка гранка која се однесува на 200.000 земјоделски семејства најдиректно зависни од состојбата во агросекторот, но и на сите граѓани, бидејќи се работи за производство на храна. Од стопански аспект, се работи за сектор кој е извозно ориентиран и може да придонесе за намалување на трговскиот дефицит, а исто така и да овозможи нови вработувања, информира Министерството.
Со оглед дека се работи за сезонски активности и голема непредвидливост во производството (фабрика на отворено) важноста на формирањето на комитетот, нагласува МЗШВ, е уште поголема за да може да се реагира навремено и исправно.
Комитетот за земјоделство и безбедност на храна ќе ја следи реализацијата на мерките и проектите од областа на земјоделството, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните. Ќе дава и насоки и предлози за подобрување на состојбите.
Како што изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција, формирањето на ова тело нема да значи и нови вработувања.
Со комитетот ќе претседава премиерот Заев, а постојани членови се и вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за земјоделство, финансии, здравство и животна средина, Љупчо Николовски, Драган Тевдовски, Венко Филипче и Садула Дураку.
Во комитетот членуваат и посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на премиерот Ленче Николовска, како и директорите на Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за финансиска поддршка, АПРЗ и Државниот земјоделски инспекторат.
Постојани членови се и државниот советник на МЗШВ и директорите на ЈП Македонски Шуми, пасишта и АД Водостопанство.
Според МЗШВ, зависно од проблематиката, во работата на комитетот може да бидат вклучени и други министри, заменици министри и државни службеници, како и други експерти и стручни лица за одделни прашања.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг