Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев

Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит и тага ја информираме јавноста за одржување на Комеморативна седница во спомен на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев.
Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна уметност.
Комеморацијата ќе се одржи на:
Дата: Вторник, 16.12.2025 година
Време: 09:30 часот
Место: Просториите на Ансамблот за народни игри ипесни „Танец“
На комеморативната седница, сите соработници, пријатели, колеги ќе се потсетат на неговиот исклучителен уметнички придонес, посветеност и богата кариера во „Танец“.
Ве повикуваме да присуствувате и да оддадете последна почит на ликот и делото на Симеон Чулев .Посмртните останки ќе бидат изложени во капела Бутел од
11:30 до 12:30 часот, погребот ќе се оддржи на гробиштата Камник-населба Ченто.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
