-->
-->
Комбинираниот состав на Македонија поразен од Иран
-->

Комбинираниот тим на македонската кошаркарска репрезентација, составена од седуммина млади Македонци и петмина странци, е поразен од селекцијата на Иран со 80-75 на стартот на мешународниот турнир што се одижува во кинескиот град Сужоу.
Тимот предводен од селекторот Раца одиграл рамноправно против во првата четвртина која црвено-жолтите ја добиле со 19-18.
Во вториот период, иранската селекција која се подготвува за квалификациите за ОИ, го добива периодот со 26-14, за на полувреме да замине со 13 поени предност 44-31.
Иако во вториот дел нашиот тим од минута во минута ја намалувал предноста на противникот, сепак на крајот не успева да направи комплетен резултатскипресврт па на крајот Иран го доби мечот со конечни 80-75.
Утре од 15 часот по македонско време, црвено-жолтите во дуелот од 2.коло во Б групата ќе играат против селекцијата на Литванија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УХМР: Утре ќе биде променливо облачно, на места со пороен дожд и грмежи во попладневните часови
-

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, кривична пријава против четири деца и пет родители
-

Вардар во криза? Поразот од КуПС отвори многу прашања
-

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје
-

СП 2026: Швајцарија е последниот четвртфиналист
-

Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE
-

Уапсен 33-годишник од Кисела Вода, при претрес на домот пронајдена дрога
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
