Колемишевски: За само 2.5 години СДСМ ја зголеми минималната плата за 5.500, а просечната за околу 4000 денари
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна партија отсекогаш работела исклучиво во интерес на граѓаните и државата.
За тоа говорат бројните реализирани мерки и политики од кои директни придобивки имаат граѓаните.
Во економијата се зборува низ бројки и факти , па затоа и денес ќе зборуваме во таа насока. Каква состојба остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ, а што направи СДСМ за само 2.5 години, скратен мандат.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата едвај достигна скромни 9.000 денари.
Со доаѓањето на власт на СДСМ минималната плата прво порасна на 12.000 денари, за потоа да достигне 14.500 денари. Тоа е раст на минималната плата за 5.500 денари за само 2.5 години.
Ако се навратиме наназад седум години во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ односно од 2010 година кога просечната плата изнесувала 21.454 денари, таа во 2016 година достигнала 22.808 денари или тоа е раст од 2003 денари за цели седум години.
Во 2017 година, со доаѓањето на СДСМ на власт во месец јуни просечната плата е 22.808 денари , а во декември 2019 година достигнува 26.836 денари. Тоа е раст на
Разликата е очигледна,
Почитувани,
Ова се бројки и факти за скратениот мандат на СДСМ или за само 2.5 години.
По изборите на 12 април продолжуваме со истиот тренд и во новиот мандат целта е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари. Според спиралата на растот, ќе расте и просечната плата.
Истовремено, членството во НАТО ќе биде ветер во грбот за нашата економија, а придобивки ќе имаат и државата и граѓаните. Затоа што НАТО значи безбедност и стабилност ,но и повеќе странски и домашни инвестиции.
Продолжуваме по патот на градење на европска и просперитетна Република Македонија
Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“
-
Кочани на приоритетната листа за министерот за здравство - Алиу вели дека нема да оперира, туку ќе менаџира со системот
-
Процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани е долг, скап и макотрпен
-
Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит
-
Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули