Коледарска литија првпат во Преспа
Околу 150 деца од основните училишта и детската градинка во Ресен со импровизираната пештера во која се родил Исус Христус денеска продефилираа низ градските улици, пеејќи ја свечената коледарска песна „Вечниот Бог“ со што првпат во Преспа се одржа свечена коледарска литија.
Настанот се одржа под покровителство на градоначалникот Ѓоко Стрезовски и неговото семејство, а во организација на Општина Ресен и ресенското архиерејско намесништво на Македонската православна црква.
Градоначалникот Стрезовски на учесниците во литијата им подари коледарски пакетчиња, а беше организирана и посна коледарска трпеза.
- Очекувам дека овој настан ќе прерасне во традиционален. Општината секогаш излегува во прсрет за вакви манифестации, изјави Стрезовски.
Отец Михаил Матвеев во име на Ресенското архиерејско Намесништво исто така изрази надеж дека свечената литија ќе прерасне во традиција во Преспа.
Пред литијата во црквата „Свети Ѓорѓи“ се одржа свечена боженствена литургија.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево