Кој месец и ден се најсмртоносни за луѓето?

Најмногу срцеви удари се случуваат во понеделник, а декември е најчест месец за инфаркти, покажува истражување што го спровеле шведски научници.
Резултатите се од седумгодишна анализа на 156.000 податоци од пациенти примени во болница поради инфаркт покажуваат изненадувачки факти за тоа кога најчесто доаѓа до инфаркт.
Најмалку инфарти се забележани во сабота, а пак од месеците јули е најбезбеден за луѓето кои имаат проблеми со срцето.
Ризикот за срцев удар е за 11% повисок во понеделник во однос на другите денови.
Младите вработени луѓе се поранливи во понеделник, кога ризикот за инфаркт е за 20% повисок отколку останатите денови.
Времето кога инфарктите се почести се поклопува со високот и ниското ниво на стрес, како што е враќање на работа во понеделник.
Едно претходно истраување утврдило дека стресот може да биде ороз за промени во биолошкиот систем што ги прави луѓето поподложни на инфаркт.
Како што расте нивото на стрес, така се зголемува активноста во амигдалата, дел од мосокот одговорен за емоции. Тоа ја поттикнува коскената срж да произведува повеќе имуни клетки за одбрана од стресот. Но, колку повеќе такви клетки има во организмот, толку повеќе доаѓа до воспалителни прицеси кои можат да ги оштетат артериите и срцето.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
