Кој е затвореникот осуден на доживотен затвор што се обеси во Идризово?
Командир на смена во Казнено поправна установа Идризово вчера околу 14 часот пријавил дека 39- годишниот И.М од Кичево, кој издржувал доживотна казна затвор, во просторијата во која бил сместен се обесил.
Истиот со екипа на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде во 13.55 часот била констатирана смрт.
Кој е И.М.?
Во јуни 2005-та година, Игор Мирчевски беше осуден на доживотен затвор заедно со Анте Ристевски.
Двајца, од четворицата обвинети за грозоморните убиства, што едно по друго 2004-та година се случија во Малкоец и во Кичево, Анте Ристевски и Игор Мирчевски, беа осудени на доживотен затвор.
Другите двајца од групата насилници, минаа со по 5,5 години затвор. Ним им се судеше само за разбојништво.
Обвинителот тогаш побара четворицата да бидат прогласени за виновни, а тоа, рече тој, произлегувало од самопризнавањето на Ристевски и Мирчевски, и во истражната постапка и на главниот претрес.
Впрочем, и психијатриското вештачење извршено над обвинетите, наведе застапникот на обвинението, укажувало дека Ристевски и Мирчевски биле пресметливи во време на извршување на делото.
Анте Ристевски и Игор Мирчевски беа обвинети и осудени дека на 16 ноември 2004-та година, ја ограбиле шеесет и едногодишната Митра Силјановска, а на 31 јануари го мачеле, силувале и го убиле Радослав Божиновски од кичевско Малкоец.
Силјановска ја убиле кај стадионот. Тие ја силувале и откако ја врзале со жица и со селотејп, ја фрлиле во дупка. Жената се задушила. И` одзеле 600 денари.
Шеесет и осумгодишниот Божиновски бил ѕверски мачен и силуван. Потоа го завиткале во облека и го оставиле да се задуши.
Мртвото разголено тело на Божиновски го пронашла полицијата откако неговите соседи пријавиле дека повеќе од една недела не го виделе да излезе од дома. Нему му биле одземени 3.500 денари.
Со парите осудените пиеле и јаделе по кафеаните во градот.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
