-->
-->
Кога не игра Македонија бележи прогрес на ФИФА листата
-->

Прогрес од две места бележи македонската фудбалска репрезентација на најновата ранг-листа на ФИФА, на која сега „црвено-жолтите„ се на 103.место.
Интересно и овој пат напредокот на македонскиот национален тим доаѓа во период во кој репрезентацијата не одигра ниту еден натпревар, а ги задржа постоечките 311 бодови.
Ова се должи на фактот што Бенин и Салвадор, кои загубија бодови поради своите слаби резултати во изминатиот месец, паднаа под Македонија.
Следни противници на македонскиот национален тим се Луксембург (5 септември) и Шпанија (8 септември).
Аргентина ја задржа водечката позиција на најновата ФИФА ранг-листа, пред Белгија, која го мина актуелниот светски првак Германија. Зад Германците се наоѓаат Колумбија, Бразил и Португалија, а најголем пад од водечките селекции бележи Холандија, која од петтата падна на 12. позиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
