-->
-->
Кога Ајакс чести пиво!
-->
Фудбалерите од шкотскиот град Ист Килбриџ поставија нов рекорд според бројот на последовни победи. Тие во саботата го совладаа БСЦ Глазгов со 3:1 и ја запишаа 27-та победа во низа, со што го урнаа рекордот на славната генерација на Ајакс од сезоната 1971/71.
Рекордот кој го поставија фудбалерите од градот кој има 80.000 жители сепак нема да влезе о Гинисовата книга на рекорди бидејќи тимот се натпреварува во петтиот ранг на шкотскиот фудбал.
Сепак иако нема да влезат во Гинис, фудбалерите на оој клуб добија честитки и подарок од досегашниот рекордер.
Имено, минатата недела, кога ја забележаа 26-та победа во низа клубот своето остварување го сподели преку Twitter, со напмена дека го израмнил рекордот на Ајакс.
Една недела подоцна Ајакс реши уште еднаш на им го честите рекордот. По завршувањето на натпреварот со БСЦ Глазгов на теренот влегло комбе, а кога играчите на Ист Килбриџ го отвориле внатре нашле 27 гајби со пиво и две шишиња шампањско, подарок од Ајакс.
Исто така тие добиле и видео порака со честитки која им ја упатил легендарниот голман на Ајакс, едвин ван дер Сар, кој е актуелен дирекотр на маркетинг службата на Ајакс.
„Ова е најголемиот успех во историјата на клубот. Ова е и мојот најголем успех. Да се надмине рекородт на Ајакс од времето на Кројф. Нестварно“, порачал Мартин Лухлан, поранешен шкотски фудбалер кој од оваа сезона го трениера тимот.
„Што и да вели Гинис, ние сме рекордери. И во големиот Ајакс тоа сега го знаат“, порачале рекордерите од малиот шкотски град.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното