-->
-->
Кофинансираните специјализанти на протест пред МЗ
-->
„И ние сме лекари“, „Еднаквост“, „Има да не нема“...се само дел од паролите на кофинансираните специјализанти кои протестираат пред Министерство за здравство.
Бараат трансформација на нивниот однос од определено на неопределено време со што и тие би биле опфатени со најавените зголемувања на платите на здравствените работници.
Револтирани се што никој не им гарантира, како што велат, дека после специјализацијата ќе имаат загарантирана работа.
Викендот, министерот за здравство изјави дека формираат работни групи за да најдат решение како да дојде до промена на Законот и да биде исполнето нивното барање.
Сања Димитровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло