Коби Брајант и сопругата имале пакт – никогаш да не летаат заедно со хеликоптер
Кошаркарската суперѕвезда Коби Брајант и неговата ќерка Џијана во неделата трагично го загубија животот заедно со уште седум други лица во хеликоптерска несреќа во Лос Анџелес, САД.
Брајант често користел хеликоптер како превозно средство, уште од времето кога бил активен играч. Тоа не го правел за да се фали со својата слава и богатство, туку за да го скрати времето кое го минува во превоз од тренинг или натпревари до дома и обратно. Брајант сакал да го избегне сообраќајниот метеж во Лос Анџелес, кој ви одзема и по неколку часа од времето секој ден.
Интересно е тоа што американските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до семејството Брајант, објавуваат дека Коби и неговата сопруга Ванеса имале пакт – никогаш да не летаат заедно во хеликоптер. Тие биле свесни дека може да се случи несреќа и не сакале да ги остават децата без двајца родители.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло