Коалицијата „За подобра Македонија“ на конвенција ќе ги објави кандидатите за пратници
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ попладнево (15:00) на конвенција во Метрополис арена на Скопски саем ќе ги објави листите со кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 11 декември.
Како што најави партиската прес-служба, на конвенцијата обраќања ќе имаат носителите на изборните единици и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Коалицијата „За подобра Македонија“ синоќа до ДИК ги поднесе кандидатските листи за пратеници. За носител на листа во Првата изборна единица е предложен Никола Поповски, во Втората Никола Тодоров, а во Третата Илија Димовски. Листата на коалицијата во четвртата изборна единица ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, прв на листата во Петтата изборна единица е Антонио Милошоски, во Шестата Влатко Ѓорчев, а во Седмата изборна единица Рамазан Ифтаровски.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР