Книжевен портрет на Киро Донев по повод 50 години творештво

По повод 50 години од објавувањето на првата книга на Киро Донев, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица денеска ќе се одржи книжевен портрет на овој истакнат македонски писател за деца.
За неговото творештво ќе зборуваат Ана Витанова Рингачева, Горјан Петревски, Ацо Гогов, Ѓорѓи Калајџиев и Сузана Мицева, соопшти издавачката куќа „Македоника литера“ која го организира настанот.
Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори за децата од помала возраст. Добитник е и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Негови дела се преведени на десетина јазици.
Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. „Македоника литера“ досега објави седум книги за деца на Киро Донев, а во подготовка е и осмата книга – поезија за деца со наслов „Било и се скрило“.
Истовремено, во Центарот за култура „Антон Панов“ од 15-ти до 18 март се одржува саем на книгата на „Македоника литера“, на која речиси триста публикации на оваа издавачка куќа се достапни со попуст и до 70 отсто.
Ново на Сител
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
