Клековски: Се разгледуваат можности за здравствено осигурување на лица под 18 години, за доставувачите на храна и за т.н. „фриленсери“

Владата, Фондот за здравствено осигурување и УНИЦЕФ ги разгледуваат модалитетите за независно здравствено осигурување малолетни лица на возраст под 18 година. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Тој укажа и на активност што ја води Министерството за социјална политика, а тоа е да се обезбеди посебна законска основа за лицата што имаат флексибилни работни ангажмани - од доставувачи на храна до т.н. „фриленсери“ (лица што самостојно работат определена работа) за да не се појавуваат во други основи што ги имаат.
- Оваа основа треба да обезбеди поедноставна комункација меѓу институциите и овие лица. Ние сме достапни за секоја заинтересирана страна да споделиме информации за категориите, критериумите и условите бидејќи целта ни е сите граѓани да имаат пристап до здравствено осигурување. Со самото регистрирање на договорите на ваквите флексибилни работни ангажамани ќе биде возможно да пријават здравствено осигурување и да бидат осигурени по таа основа да не мора самите да се пријавуваат во Фондот, -додаде Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
