Ќе се убиев ако татко ми загинеше: Се огласи водителката Маријана Мичиќ по експлозијата на бомба поставена под семејниот автомобил
Полицијата се уште го истражува нападот на Небојша Мичиќ(63) татко на актерката и водителка на Тв Пинк, Mаријана Мичиќ (35), кој е полесно повреден во вторникот кога експлодирала бомба која била поставена под неговиот автомобил.
Мичиќ, силната детонација го исфрлила од автомобилот, поради што најверојатно и преживеал. Откако му се санирани повредите, тој е пуштен на домашно лекување.
Настаните од вторникот многу ја вознемириле и потресле водителката.
- Ќе се убиев ако на мојот татко нешто му се случеше – наводно се доверила Маријана на блиска пријателка.
- Маријана е во шок и не може да верува дека некој поставил бомба под семејниот автомобил. Постојано е на лекови за смирување. Вели дека нема претстава зошто некој со бомба би го нападнал нејзиното семејство- вели извор близок на водителката.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба