Македонија
13. October 2015 - 11:49

Ќе се стемнува пред 17:00 часот - Во сабота часовникот оди еден час наназад

Во недела на 25 октомври завршува летното и почнува зимското сметање на времето. Во сабота кон недела, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад со што и официјално почнува зимското мерење на времето.

За спанковците тоа е добра вест бидејќи ќе има еден час повеќе за спиење. 

За оние кои сакаат активен живот, тоа баш и не е добра вест бидејќи ќе почне да се стемнува во 16:30, а денот ќе има еден час помалку.