„Ќе се сретнеме наскоро, те сакам...“ - позната актерка пронајдена мртва

Американската глумица Стиви Рајан (33) почина откако, како што пишуваат американските медиуми, извршила самоубиство.
Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Рајан починала во саботата и дека веројатно се работи за самоубиство.
Пред немилиот настан, глумицата објави неколку потресни статуси посветени на нејзиниот смртно болен дедо.
- Мојот човек од соништата кој ќе го гледам само во соништата. Ќе се сретнеме наскоро. Те сакам, дедо, гласи придружниот коментар на една од сликите објавени на Инстаграм.
Неодамна таа говореше и за тормозењето што го трпи со коментарите под нејзините Јутуб видеа.
Стиви глумеше во телевизиското шоу „Стиви Ти-Ви“ кое претставува еден вид пародија на поп културата на канал ВХ-1, а се прослави со имитациите на Ејми Вајнхаус, Лејди Гага и Џастин Бибер. Глумеше и во трилерот „Џон До; Дневникот на серискиот убиец“.
Ново на Сител
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
