Киргистан: Се апсат приврзаници на Атамбаев и се трага по организаторите на немирите во Бишкек
Киргистанската полиција уапсила повеќе од 40 приврзаници на поранешниот претседател Алмазбек Атанбаев, во текот на немирите во главниот град Бишкек.
Околу 1.000 приврзаници на Атамбаев се собраа синоќа на главниот градски плоштад, барајќи оставка од актуелниот претседател Соронбај Женбеков.
Половина час подоцна полицијата успеа да ги растера, повремено користејќи и шок бомби.
Според последните податоци, 98 лица побарале медицинска помош.
Киргистанските специјални сили во средата ја почнале акцијата за апсење на Атамбаев, меѓутоа, неговите приврзаници пружиле жесток отпор при што еден припадник на специјалните сили загинал, а 52 лица се повредени, меѓу кои имало и новинари.
Киргистанските безбедносни сили вчера почнале нова акција за апсење, а приврзаниците на Атамбаев повторно се собрале.
Претседателот Женбеков вчера изјави дека Атамбаев го прекршил Уставот на земјата со давањето вооружен отпор на полицијата.
Ново на Сител
-
Изборен ден во Струга
-
Гласање во Охрид
-
Избори во Крушево и Долнени
-
ДИК бележи зголемена излезност
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром