-->
-->
Кинеска брачна двојка највисоки во светот
-->
Сун Мингминг (33) и неговата сопруга Су Јан се највисоката брачна двојка во светот. Заедно се високи 423 сантиметри.
Двојката која влезе во Гинисовата книга на рекорди за 2016 година се запознала на Националниот кинески спортски фестивал во 2009 година.
Четири години подоцна, на 4 април 2013 година, ракометарката и кошаркарот го кажаа судбоносното „да“.
Сун Мингмин е висок 236 сантиметри, а неговата сопруга Су Јан има импресивни 187 сантиметри.
- Многу добро знаеме со какви тешкотии се соочуваат високите луѓе. Проблемот е возењето во автомобил и авион, креветите во хотелите секогаш се премногу кратки, рече Сун која има и совет за добар брак.
- Никој не е совршен, па затоа потребно е секојдневно да си даваме поддршка еден на друг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите