Кина загрижена поради зголемената тензија на Блискиот исток
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска изрази загриженост поради зголемените тензии на Блискиот исток, изразувајќи надеж дека ситуацијата брзо ќе се смири.
Портпаролот на Министерството, Женг Шуанг изјави дека Пекинг повикува на воздржаност кај инволвираните страни и е во постојани консултации со заинтересираните влади, и преку ОН и преку својата амбасада во Багдад.
Женг ја даде изјавата по иранскиот ракетен напад врз две американски бази во Ирак, но тоа директно не го спомена. Исто така, ги обвини САД дека со своите воени акции ги кршат човековите права во регионот.
Иран синоќа изврши ракетен напад врз две воени бази во Ирак во кои се наоѓаат американски војници, а Иранската Револуционерна гарда, која ја презеде одговорноста за нападот, соопшти дека тие „се одмазда за убиството на ирачкиот командант Касим Сулејмани“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес