Кина ги повикува САД и Северна Кореја да „закочат“ со заканите

Кинески официјални претставници денеска апелираа до САД и Северна Кореја да прикочат со заканите и акциите и да поработат на изнаоѓањето мирно решение за својот спор.
Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, во телефонски разговор со рускиот колега, Сергеј Лавров, рече дека двете земји треба да работат заедно на спуштање на тензиите и никому да не дозволат „да почне инцидент на нивниот праг“, се наведува во соопштението објавено на официјалната интернет страница на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесоа француските медиуми.
-Најважната задача е САД и Северна Кореја да прикочат во взаемните провокации и акции, да ја спуштат температурата во напнатата ситуација и да спречат избувнување августовска криза, изјави Ванг во разговор со рускиот колега.
Според соопштението, Лавров оценил дека тензиите можат повторно да нараснат, бидејќи САД и Јужна Кореја се подготвуваат за големи воени маневри, закажани за 21 август.
Тој додал дека нуклеарното прашање на Корејскиот Полуостров мора да биде решено на мирен начин, односно со политички и дипломатски методи.
Кина е клучниот економски партнер на Северна Кореја, иако односите меѓу двете земји, како што наведуваат американските медиуми, се влошени заради непослушноста на Пјонгјанг кон повиците на Пекинг за воздржување од нови акции.
Ново на Сител
-

Рибакина ја престигна Сабаленка и се искачи на врвот на светската ранг-листа на ВТА
-

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена
-

„Вашингтон пост“: Кенеди-центарот пред банкрот, можно е да биде затворен уште утре
-

Одложени разговорите меѓу Иран и заливските држави за Ормуз
-

ЦДУ на Мерц победи на локалните избори во Долна Саксонија, АфД со голем раст
-

Кејн го постигна својот 150. гол за Баерн
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт
