Киев ја разгледува можноста за излез од ЗНД

Киев ја разгледува можноста за излез на Украина од членството на Заедницата на независни држави (ЗНД), изјави шефот на украинската дипломатија Павел Климкин.
Климкин истакна дека е доследен поддржувач за излез од Заедницата.
- Го разгледува прашањето за излез. Имаме неколку десетици договори на кои се однесуваат, на пример на, взаемното признавање на дипломи, исплатата на пензиите. И сега ја завршуваме работата која ќе ни овзможи да ги регулираме тие договори. Се надеваме дека ќе успееме да управуваме со тие договори одвоено, и тогаш ова прашање ќе биде повторно актуелно, нагласи шефот на украинската дипломатија.
По смената на власт во Украина во февруари 2014 година, новото раководство на земјата објави дека има намера да се откаже од учеството на работата на ЗНД.
Киев подоцна од извршниот комитет на организацијата го отповика својот претставник Анатолиј Дронј.
Ново на Сител
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
