-->
-->
Кичево наскоро ќе добие градски базен
-->
Базен од затворен тип ќе се гради во близина на стадионот „Влазерими“ во населбата Пашино во Кичево што е согласно неодамнешната одлука на Владата, според која е предвидено да се изградат вкупно 14 базени, од кои еден токму во овој град со околу 70 илјади жители.
Според извори од општината на предвидената локација покрај базенот ќе се градат и други спортски објекти – спортска сала, тениско игралиште, велосипедски патеки и секако тука се двата стадиона, од кој едниот е во изградба со средства на Фудбалската федерација на Северна Македонија, кој ќе биде со вештачка трева и секако постојниот стадион на Ф.К. „Влазерими”. Со тоа, велат од општината, овој дел на градот се предвидува да стане спортско-рекреативен комплекс.
Општината нема базен, а поради немање финансиски средства базенот во поранешниот Дом на Армијата е надвор од фокусот на ресорното министерство.
Четиринаесетте базени, меѓу кои и тој во Кичево е предвидено да се градат преку Агенцијата за млади и спорт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори