КХВ:„Илирика Инвестментс“ АД Скопје доби дозвола за проширување на работењето со нова услуга

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 88-мата седница даде согласност брокерската куќа „Илирика Инвестментс“ АД Скопје да врши прием на пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност.
Тоа, како што соопшти денеска КХВ, значи дека со оваа нова услуга, „Илирика Инвестментс" АД Скопје ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.
„Илирика Инвестментс“ АД Скопје, согласно Законот за хартии од вредност, во секое време мора да поседува и да одржува основна главнина во износ од 75 илјади евра во денарска противвредност.
Инаку, брокерската куќа „Илирика Инвестментс" АД Скопје е втора од десетте членки на Македонската берза која ги исполни условите за да се приклучи на платформата што се очекува да профункционира на 29 март. Претходно, ваква дозвола од КХВ доби Дирекцијата за услуги со хартии од вредност при „Еуростандард Банка" АД Скопје.
Со регионалната платформа СЕЕ Линк првпат македонските граѓани ќе може непосредно да тргуваат со акции и обврзници на странски берзи, а брокерите ќе имаат поефикасен пазарен пристап.
На седницата што се одржа вчера, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде две дозволи за инвестициски советници.
Ново на Сител
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
-

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата
-

Приведени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола
-

Мицкоски: Македонија и Словенија ќе ја продлабочуваат политичката и економската соработка
-

Приведени три лица, а вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
