Кери: Тешко е Сирија да се одржи како целина доколку продолжат борбите

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека може да биде тешко Сирија да се задржи како целина доколку предолго се чека на завршување на борбите.
-Може да се покаже дека е доцна да се сочува Сирија како целина доколку предолго чекаме, рече Кери пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат во текот на излагањето за барањето на Стејт департментот за годишен буџет.
Кери, исто така, кажа дека, дури и ако сириските сили, поддржани од руските воздушни напади, го заземат градот Алепо, многу тешко ќе ја задржат територијата во Сирија, пренесуваат британските медиуми.
САД ќе знае во рок од неколку дена дали предложениот прекин на огнот во Сирији, што треба да стапи во сила во сабота, ќе се одржи, а доколку не дојде до политичка транзиција, постојат опции од „планот Б“, наведе Кери.
-Доказ ќе биде акцијата која ќе следи во следните денови, истакна Кери и додаде дека „за еден или два месеца ќе биде познато дали процесот на транзиција навистина е сериозен.
Според него, сирискиот претседател Башар ал-Асад ќе мора да донесе некои сериозни одлуки за почнување на транзицискиот процес, а доколку до тоа не дојде, „сигурно ќе бидат разгледани опциите од „планот Б“", порача Кери, мислејќи на резервниот план за кој се верува дека опфаќа воена акција, наведуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-

Нов напад врз Техеран - Израелската армија објави снимки
-

Ирак прогласи тридневна жалост поради смртта на Хамнеи
-

ИДФ соопштија дека Хамнеи е убиен во „прецизна, обемна“ израелска операција
-

Убиени началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран и главниот командант на ИРЦГ
-

Иран го нападна аеродромот во Дубаи | ВИДЕО
-

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
-

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
-

Илјадници Ирачани жалат за смртта на Хамнеи
