Кери ги обвини Кина и Русија дека му ги читаат мејловите

Американскиот државен секретар Џон Кери ги обвини Кина и Русија дека најверојатно ги читаат неговите електронски пораки и предупреди дека прашањето за кибер пиратството ќе биде отворено на средбата на претседателот Барак Обама со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Во интервју за Си-Би-Ес, Кери посочи дека постои голема веројатност дека Русија и Кина му ги читаат мејловите, бидејќи изминатите денови станало познато дека тие нападнале одреден број американски интереси.
Кери додаде дека кога пишува електронски пораки тоа го прави со сознание дека Русија и Кина можеби го читаат.
- За жал живееме во свет во кој одреден број земји, во таа смисла и Кинезите и Русите постојано се вмешани во напади против американските интереси, против американската Влада, додаде Кери.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
