-->
-->
Кер: Ова е последната шанса сегашниот Голден Стејт уште еднаш да го освои трофејот
-->
Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер верува дека претстојната сезона е последна шанса за овој состав да стигне до тронот во НБА лигата.
- Ова може да биде последна можност за сегашниот тим да ја освои НБА лигата. Ќе има многу слободни агенти следното лето. Не знаеме како ќе се одвива трансфер пазарот. Не мислам дека нашите играчи се под голем притисок. Тие треба да се концентрираат на повторно освојување на титулата. Ние сме во одлична позиција. Минатата сезона успеавме да победиме, но тоа беше тешка борба. Нашиот тим веќе се напиша во историја, освојувајќи три од последните четири трофеи, изјави Кер.
Голден Стејт го освои шампионскиот трофеј во 2015, 2017 и 2018 година. До трите титули се дојде по победи во финалните пресметки со Кливленд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании